САД размислуваат за санкции за физички лица во Украина

Соединетите Американски Држави ја разгледуваат можноста за наметнување санкции против одделни физички лица во Украина, кои ќе бидат насоечни кон оние кои се одговорни за насилствата, јавува РИА Новости пренесувајќи изјава на претставник на американскиот Стејт департмент, Мари Харф.

„Ние ја разгледуваме можноста за санкции, но се уште не можеме да ги објавиме. Тече процесот на оценка, треба да бидат утврдени одговорните за употребата на насилство“, вели Харф.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.