САД сѐ поблиску до одобрување на вакцината, Фаучи апелира на вакцинирање и на оние веќе заразени со коронавирусот

Американските здравствени власти ќе одржат итен состанок следната седмица на кој се очекува да препорачаат вакцината против коронавирусот која чека одобрување прво да биде дадена на здравствените работници и лицата во институциите за долготрајна грижа, а водечкиот стручњак за заразни болести Ентони Фаучи истовремено ги советуваше Американците, кои веќе го имале или претпоставуваат дека биле заразени со вирусот, сепак да се вакцинираат веднаш штом препаратот ќе биде достапен.

Состанокот кој во петокот го најави комисијата за имунизација при Центарот за контрола и превенција на болестите (CDC) сугерира дека Управата за храна и лекови (FDA) веројатно е блиску да ја одобри дистрибуцијата на вакцината, барем за најранливите групи.

Воздухопловната компанија „United Airlines“ веќе започна со преместување на пратките со вакцината која во САД ја изработиле лабораторите на фармацевтската компанија „Pfizer Inc“ на чартер летови за да обезбедат нејзина брза испорака откако ќе биде одобрена, пренесуваат извори запознаени со ситуацијата.

Советодавната комисија на CDC за имунизација во вторник ќе гласа за да ѝ препорача на FDA да им овозможи на здравствените работници и установите за грижа на немоќни лица да бидат првите две групи кои ќе ги добијат првите количества од вакцината, изјави портпаролката на CDC.

Одобрувањето на вакцината за Американците бездруго ќе биде добра вест коишто веќе се заморени од осумте месеци на агресивните мерки кои ги воведуваа политичките челници, особено во сојузните држави водени од демократите, и по преземањето на новата администрација на демократскиот претедател Џо Бајден кој во кампањата се судираше со спротиставувањето на републиканецот Доналд Трамп на строгите мерки на затворање и социјална дистанца.

Истовремено, Ентони Фаучи, дологогодишниот директор на Националнито институт за алергии и заразни болести, изјави дека нема причини да се верува дека вакцината може да им наштети на оние кои веќе биле заразени со коронавирусот.

„Не мислам дека тоа би требало да биде причина за загриженоста“, рече Фаучи охрабрувајќи ги Американците да се вакцинираат кога препаратот ќе биде подготвен.

Две американски фармацевтски компании „Pfizer“ и „Moderna“ тврдат дека ги финализирале нивните вакцини и дека тие имаат над 90-процентна ефикасност. Тандемот „Pfize/BioNTech“ поднесе барање за итна регистрација на својата вакцина којашто FDA може да ја одобри уште во првата половина на декември.

„Конечната одлука ќе зависи од процената на FDA…, но мислам дека многу веројатно нема да има ограничување за вакцинирањето на оние кои имаат доказ дека веќе биле заразени“, рече Фаучи.

Научниците сѐ уште не се сигурни колку долго трае имунитетот кај лицата кои ја минале инфекцијата, а исто така не е познато ни колку долго трае заштитата по вакцинирањето. Многу епидемиолози сметаат дека за вакцината за коронавирусот најверојатни ќе биде потребно редовно годишно вакцинирање, како што е со вакцината за сезонскиот грип, но засега не е познато колку долго ќе биде ефикасна оваа вакцина.

„За тоа не можеме да зборуваме со сигурност. Covid-19 постои помалку од една година, па е невозможно да се каже дека вакцината ќе обезбеди заштита од една година. Тоа е невозможно, бидејќи никој кого што го познавам не бил заразен пред повеќе од една година“, рече Фаучи.

Додаде дека, сепак, може да има некои предвидувања врз основа на однесувањето на сличните коронавируси. На пример, пандемијата од SARS која избувна во 2020 година покажа дека поединци се имуни на оваа инфекција подолго од една година, но нивната имуност на болеста со текот на времета ослабела.