САД сѐ уште не ги испорачале системите NASAMS во Украина

Соединетите држави нема да започна со испорака на напредните противвоздушни норвешко-американски системи NASMAS на Украина барем уште два месеца, објави во вторникот портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер, оспорувајќи ги извештаите според кои Киев веќе ги примил таквите системи.

Од изјавата на украинскиот претседател Владимир Зеленски во текот на викендот во интервју за американската телевизиска мрежа CBS News произлезе дека споменатите противвоздушни системи веќе ѝ се испорачани на Украина. Во вторникот, пак, дојдоа извештаи дека наводно бил погрешно цитиран во транскриптот од телевизиското интервју на англиски јазик сугерирајќи дека вооружувањето е веќе испорачано.

Емисијата „ Face the Nation“ на CBS News го исправи транскриптот, признавајќи „грешка во преводот“, а Пентагон потврди дека Националниот напреден ракетен систем „земја-воздух“ (NASMAS) сѐ уште не е испорачан

„САД сѐ уште не ѝ го испорачал NASMAS на Украина во оваа фаза. Очекуваме дека првите два ќе бидат испорачани во текот на следните два месеца или така нешто“, изјави Рајдер на брифингот за новинарите во Пентагон.

САД досега одобрија испраќање на Украина вкупно осум системи NASMAS, ги потврди претходните најави дела следните шест ќе бидат „долгорочни испораки“.

Ова вооружување е дека од големата од над 15 милијарди долари американска воена помош за Украина од почетокот на војната на 24-ти февруари.

Западното оружје, според Киев има големо значење за успесите во противофанзивата во североисточна Украина, а Москва обвинува дека повеќекратните ракетни системи со долг дострел, како HIMARS, украинската војска ги користи за гаѓање цивилни цели во одметнатата проруска област Донбас во кои секојдневно гинат десетици цивили.