САД сакаат меѓународна коалиција за спротиставување на Кина

Соединетите држави сакаат создавање меѓународна коалиција којашто би ѝ се спротиставила на Кина, најави во вторникот на заедничката прес-конференција во Лондон со британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб, американскиот државен секретар Мајк Помпео.

„Можеме да создадеме коалиција, којашто ја разбира оваа закана (од Пекинг) и со колективни напори да ја убедиме Комунистичката партија на Кина дека таквото однесување не е во интерес на Кина“, изјави Помпео.

Притоа шефот на американската дипломатија повторно ја обвини Кина за систематско кршење на меѓународното право и редот. Особено се осврна на ситуацијата во Јужнокинеското Море, конфронтацијата меѓу Кина и Индија, како и улогата на Пекинг во наводното ширење на коронавирусот во светот „криејќи информации заедно со корумпираната Светска здравствена организација“.

Според Помпео, Вашингтон би сакале сите држави во светот „да ја разбират вредноста на слободата и демократијата, исто така, да ја сфатат опасноста којашто ја нив ја претставува Комунистичката партија на Кина“.

„Ние сакаме сите земји да се спротистават на таквите активности, и притоа не подразбираме под тоа само изјави и соопштенија. Сакаме сите земји во светот да работат заедно, спроведувајќи се на напорите на Комунистичката партија на Кина во сите области коишто денеска ги споменав, и Обединетото Кралство, секако, е во рамките на овие земји“, истакна Помпео.

На прес-конференцијата со Рааб повторно го обвини кинеското раководство за обиди за кражба на американската интелектуална сопственост преку кинеските државни компании. Помпео го поздрави решението на британската влада претходно од јули да се откаже од произведите на кинеската технолошка корпорација „Huawei“ во британската инфраструктура од петтата генерација.

Повеќе од една година САД вршеа притисок врз Лондон да ја донесе ваквата одлука, што ќе ја чини Велика Британија дополнителни две милијарди фунти, или околу 2,5 милијарди американски долари, за воведување на комуникацискиот стандард 5G, операција којашто ќе биде одложена за две до три години. Но во вторникот, Помпео негираше дека одлуката на британската влада не е донесена под притусок на Вашингтон, и покрај тоа што постојано предупредуваше дека соработката со компании од Кина во оваа област претставува опасноста за колективната безбедност на западните сојузници.

„Таа одлика е донесена не затоа што САД рекоа дека тоа е добра одлука, туку затоа што челниците, овде во Велика Британија, заклучиле дека е добра работа за британските граѓани да донесат таква одлука“, рече Помпео.

Последните месеци Лондон ги приближи своите на ставовите на Вашингтон, па и дури ја промени одлуката за соработка со „Huawei“. Владата пред една седмица нареди опремата на кинеската корпорација целосно да биде отстранета од 5G мрежата до 2027 година.

Поништувајќи ја одлуката од јануари според која уделот на опремата на кинески „Huawei“ за британската 5G, освен темелната телекомуникациска инфрастуркри, смее да изнесува 35 отсто, премиерот Џонсон им забрани на британските телекомуникациски оператори до крајот на годинава да купуваат опрема од „Huawei“ и им даде рок од седум години да се ослободат од веќе вградената опрема.

Кина возврати дека Лондон си дозволил да биде измамен од Американците.

„Информациите кои минуваат низ оваа мрежа од кинеско потекло сигурно ќе завршат во рацете на Комунистичката партија на Кина“, рече претходно Помпео, што беше остро отфрлено од „Huawei“.

Медиумите пренесуваат дека околу пладнето државниот секретар Помпео дошил во Даунинг стрит без маска, којашто не ја носел ниту британскиот премиер Борис Џонсон, кој пред неколку месеца беше во многу тешка здравствена состојба токму поради заразата со коронавирусот. Меѓутоа, соговорниците седела на оддалеченост поголема од еден метар.

„Физичката дистанца не значи дипломатска или политичка дистанца“, нагласил Џонсон.

На дневен ред од новните разговори биле и идниот тргавоски договор по брегзитот, како и ситуацијата во Хонгконг.

Велика Британија го предизвика гневот на Кина понудувајќи им олесното добивање британско државјанство за речиси три милиони жители на Хонгонг, како одговор на кинескиот закон за национална безбедност со кој е опфатен и овој автономен регион поранешна британска колонија. Лондон потоа во понеделникто го суспендираше за израчувања со Хонгконг.

Министерот Рааб во понеделникот во британскиот парламент рече дека договорот ќе биде суспендиран веднаш, како и дека врз Хонгконг ќе беде проширено и ембаргото на вооружување.

Кина веднаш во вторникот соопшти дека силно ќе одговори на британското суспендирање на договорот за израчување на барани лица со Хонгконг, и ја повика владата во Лондон веднаш да ги исправи свеоите грешки.