САД сакаат прекин на нуклеарните проби на Северна Кореја пред разговорите

Прекинувањето на северниорејските нуклеарни тестирања е првиот предуслов САД да се согласат со режимот во Пјонгјанг, изјави во неделата американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли.

Севернокорејците „мора да ги запрат своите тестирања. Мора да се согласат да се разговара за забраната за нивното нуклеарно оружје“, пред да почнат какви и да се преговори, појасни амбасадорката Ники Хејли во интервјуто за американската телевизиска мрежа ABC News.

Истана дека прекинот на нуклеарните проби треба да трае „доволно долг период“ пред преговорите да преминат во „следната фаза“. „До тоа нема да дојде од денес до утре“, истакна Хејли.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека САД „во еден момент ќе можат да разговараат со Северна Кореја, но многу нешта мора да се случат претходно“, додаде Хејли.

Трамп изјави во саботата дека е апсолутно подготвен телефонски да разговара совернокорејскиот челник Ким Џонг-ун и оти се надева на позитивни резултати од разговорите меѓу Северна и Јужна Кореја.

Северна Кореја во петокот се согласи идната седмица да се одржат официјални разговори со Јужна Кореја, први по повеќе од две години, само неколку часа откако Вашингтон и Сеул ги одложија воените маневри поради одржувањето на зимските олимписки игри на Југот.

Трамп во Кемп Дејвид одговарајќи на новинарски прашања изрази подготвеност да разговара со Ким, но без предуслови. „Апсолутно би го сторил тоа. Воопшто немам проблем со тоа“, рече Трамп.

Се очекува дека разговорите меѓу Пјонгјанг и Сеул ќе бидат посветени на Зимската олимпијада којашто во февруари треба да се одржи во Јужна Кореја и на односите меѓу двете земји.

Трамп сугерираше дека разговорите би можеле да водат до попуштање на тензиите и си припиша заслуги за овој дипломатски исчекор, велејќи дека тој е резултат на неговиот постојан притисок.

„Гледајте, сега разговараат за Олимпијадата. Тоа е почеток, голем почеток. Доколку не се вклучев сега не би разговарале“, рече.

Ким „знае дека не се шегувам. Јас не се шегувам. Ниту најмалку, ниту еден отсто. Тој тоа го сфаќа“, додаде Трамп.

„Доколку нешто произлезе од тие разговори тоа ќе биде одлично за целото човештво, тоа ќе биде голема работа за светот“, рече американскиот претседател.