САД се надеваат на брзо решени за членството на Шведска и Финска во НАТО

Соединетите држави се надеваат дека наскоро ќе има позитивно решение на проблемот меѓу Турција, Финска и Шведска во врска со настојувањето на двете нордиски земји за пристапувањето во НАТО, изјави Карен Донфрид, главната дипломатка на Стејт департментот за Европа со средата.

Помошничката на државниот секретар за Европа и Евроазија, зборувајќи на сослушувањето во Комитетот за надворешни работи при американскиот Сенат, рече дека САД „туркаат и настојуваат“ дека сите страни ќе најдат договори околу тоа прашање пред самитот на НАТО следната седмица во Мадрид.

Финска и Шведска, кои долги години активно учествуваа на воени маневри со членките на НАТО и покрај воената неутралност, ја искористија војната во Украина и поради „руската закана“ веднаш да побараа итен прием во Северноатлантскиот воен сојуз. Но нивните кандидатури наидоа на спротиставување од страна на Турција, којашто ги обвинува Стокхолм и Хелсинки дека им даваат засолништво и поддршка на припадници на организациите кои Анкара ги смета за терористички, како и поради ембаргото за извоз на оружје во Турција поради нејзината воена операција во Сирија против тамошните курдски сили обучувани и вооружувани од САД.

Челниците на земјите членки на НАТО на 29-ти и 30-ти јуни ќе се сретнат во Мадрид. За прием во членството во НАТО потребна е согласноста од сите 30-те членки на Алијансата. Турција е во НАТО повеќе од 70 години и има значајна улога, како поради геостратешката положба и ја има втората по големина војска во сојузот.

Обраќајќи им се на новинарите во Брисел претходно седмицава по преговорите со највисоки претставници на Шведска, Финска и НАТО, високи турски функционери не изразија исто чувство на итност како и Донфрид и рекоа дека мадридскиот самит на Алијансата не е краен рок.

Секој напредок во нордиските настојување за членството „зависи од насоката и брзината со којашто овие земји ќе ги преземат чекорите“, рече портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.