САД се вратија на набавките на венецуелската нафта

Испораките на сирова нафта од Венецуела во САД во текот на изминатата седмица која заврши на 17-ти мај, изнесувале 49.000 барели дневно, се вели во седмичниот преглед на секторот за енергетски информации при американскот министерство за енергија објавен во средата.

Пред една година, во седмицата која заврши на 18-ти мај 2018 година, американскиот увоз на венецуелската нафта изнесувал 352.000 барели на дневно ниво.

Во денешниот извештај на министерството за енергетика, се наведува дека САД во текот на претходните две седмици не купувале венецеулска нафта. Во април Соединетите држави забележале мали испораки на нафта од Венецуела, во обем меѓу 71.000 и 191.000 барели нафта дневно. Петходно, во втората половина на март, американските компании, не увезувале венецуелска нафта во текот на трите последни седмици од месецот.

САД на 28-ми јануари годинава објавија воведување санкции против венецуелската државна нафтена компанија PDVSA, блокирајќи ја активата и интересите на компанијата на териториите и секторите под нивна јурисдикција во износ од 7 милијарди долари, а исто така забранија и тргување со оваа компанија. Според Белата куќа, дополнителни 11 милијарди долари ќе изнесуваат загубите во набавките на нафта.

Истовремено во средата Американскиот институт за нафта (API) покажа дека резервите на сирова нафта во САД минатата седмица пораснале зза 2,4 милиони барели. Аналитичарите очекуваа дека ќе се намалат за 600.000 барели. Официјалните податоци на американската влада за резервите ќе бидат објавени подоцна во средата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.