САД ѝ се заканија на Франција со „огромни“ царини поради дигиталниот данок

67

Франција води дискриминаторска политика против дигиталните американски компании, а како одоговор на тоа САД може да воведат давачки до 100 отсто на франциски стоки во вредност до 2,4 милијарди долари, се предупредува во соопштението на американскиот тргвоски претставник.

Кон средината на јули годинава францускиот парламент донесе закон за данок на услугите на големите дигитални компании, како што се американските технолошки гиганти Amazon, Apple, Facebook и Google, што птредизвика остра реакција и критики од Вашингтон.

Притоа, американскиот претседател Доналд Трамп порача дека како одговор може да наметне давачки на увозот на француско вино. Истовремено, во август, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е постигнат догово меѓу Париз и Вашингтон, односно дека веднаш штом ќе биде воведен дигатлниот данок на меѓународно нив, Франција ќе ги укине своите намети на најголемите дигитални компании, познат како GAFA.

Од канцеларијата на американскиот трговски претставник, во понеделникот изјавија дека е „завршен првиот дел од истрагата“ за францускиот дигителен данок, и оти е дојдено до заклучокот дека тој е „дискриминаторски во однос на американските компании“. Конкретно, станува збор за компаниите како Google, Apple, Facebook и Amazon.

Како одговор, САД размислуваат да воведат давачки за стоко во вкупна вредност од 2,4 милијарди американски долари. Размерите на овие намети може да достигнат и до 100 отсто.

„Одлуката на трговскиот претставник (Роберт Лајтизер – з,р) испраќа јасен сигнал дека САД ќе преземат дејствија против режимот на дигитално оданочување, кој ги дискриминира американските компании“, се истакнува во соопштението.

Слични истраги канцеларијата на американскиот тргвоски претставник започна и во однос на Австрија, Италија и Турција, се додава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.