САД се закануваат со повлекување на своите војници од Германија

106

Критиките на американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, поради тоа што Берлин малку одвојувал за одбраната и неговата закана дека САД ќе ги повлечат своите сили од оваа емја, предизвикаа жива дискусија во германското општество.

„Всушност навредливо е да се смета дека американските даночни обврзници мора и натаму да плаќаат во Германија да бидат стационирани малку повеќе од 50.000 Американци, а Германците го трошат својот вишок на домашните програми“, вели американскиот амбасадор во Берлин, Ричард Гренел, за германската новинска агенција DPA.

Пратеникот од Социјалдемократската партија на Германија (SPD) ја оцени оваа изјава на Гренел во петокот како „сосема неприфатлива за сојузниците“. Додаде, исто така, дека Германија нема да дозволи да биде уценувана во врска со тоа, и дека тоа што Вашингтон се однесува како „надуен генерал“ е застарено.

Јохан Вадепул, член на Социјално-демократската унија (CDU) на германската канцеларка Ангела Меркел, изјави дека ги разбира американските критики. „Германија му вети на НАТО многу поголеми издвојувања“, вели.

Крајно левата партија Левица, пак, ја поздрави американската порака. Претседателот на пратеничката група на партијата, Дитмар Барч, предложи и Американците да го повлечат и своето нуклеарно оружје од Германија.

„Германската влада дефинитивно би требало да ја прифати оваа понуда и да го разгледа планот со САД за повлекување на единиците. Доколку Американците ги повлечат своите единици, тогаш би требало да го однесат и своето нуклеарно оружје. Однесете си го дома, секако, а не во Полска, што би била драматична ескалација во односите со Русија“, порача германскиот левичарски пратеник.

Во текот на посетата на полскиот претседател Анджеј Дуда на Вашингтон во јуни годинава, американскиот претседател Доналд Трамп спомена дека американските единици би можело од Германија да бидат прекумандовани во Полска.

Запрашан во петокот во врска со комантарите на амабасадорот Гренел, претседателот Трамп за новинарите пред Белата куќа рече дека Полска е „нивен (на САД) голем, голем пријател“ и ја прифати понудата на Варшава да воспостави воена база за американските војници со сопствени пари. Но сепак, не потврди дали навистина има намера да ги прераспореди американските војнции од Германија во Полска.

„Понудија да ги финансираат нашите војници и уште многу нешта. Така би требало да биде, а не овие глупи договори со сите тие земји кои нѐ искористуваат“, рече Трамп без да влегува во поединости.

Трамп кон крајот на август треба да ја посети Европа. Предвидена е посета на Полска, но не и на Германија. Трамп на 24-ти август ќе учествува на состанокот на групата Г7 во Бјариц на францускиот атлантски брег каде што ќе се сретне со Меркел. Потоа ќе ги посети Данска и Полска.

Германија има најмноги американски војници во Европа и најмногу во светот по Јапонија. Во Германија се распоредени 35.000 американски војници, а за американската војска уште работат 17.000 американски и 12.000 германски цивили. Извесно време се шпекулира дека САД планираат да го намалат бројот на војниците во Германија, но тоа официјално беше демантирано. Амабасадорот Гренел своевремено дури најави и зголемување на бројот на војниците за 1.500. Германија ги зголеми издвојувањата за одбраната и до 2024 година планира да досеген 1,5 отсто од бруто домашен производ (БДП), но тоа е уште далеку од зацртаната цел на НАТО од 2 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.