САД побарале од Европската унија да обезбеди пристап за американските компании од наменската индустрија до своите воени нарачки, во спротивно Брисел би ризикувал да остане без американска воена поддршка „во услови на руската закана“, пишува во понеделникот шпанскиот дневен весник El Pais.
Според весникот, ултиматумот бил упатен на 22-ри мај во Вашингтон во текот на средбата на којашто учествувале претставници на ЕУ и Мајкл Марфи, кој е задолжен во Белата куќа за односите со Брисел.
„Кога ќе дојдете кризата и вашата одбрана ќе претрпи неуспех, вашите граѓани нема да бидат многу импресионирани од фактот дека вооружувањето потекнува само од европските земји“, го цитира весникот споменатиот американски функционер.
Незадоволството на Американците произлегува од нормите на идниот Европски фонд за одбраната (FED) и проектите за Постојаната структурна соработка за безбедност и одбрана на земјите членки на ЕУ (PESCO). Според Вашингтон, новите европски норми во областа на интелектуалната сопственост, трансферот на технологијата и контролата на извозот ќе го попречат учеството на американските претпријатија во договорите за одбраната на ЕУ, пишува El Pais.
„Доколку дискурсот во законодавството во областите на FED и стандардите на PESCO не бидат променети, ЕУ ќе мора да избира“, истакнал Марфи.
Како што се нагласува во написот, американскиот дипломат фактички ја става Европа пред изборот: самата да ја осигурува својата безбедноат на границите на Европската унија или да ги зголеми сопствените воени способности за сметка на НАТО.
Истовремено, претставникот на Белата куќа потсетил дека Русија „има физички граници со ЕУ и преставува директна физичка закана за нејзините земји членки.
Марфи, исто така, ги предупредил европските дипломати дека „секоја голема криза во Европа ќе бара одговор од САД, Канада, Велика Британија и Норвешка“, земји членки на НАТО од кои последните две се европски земји веќе надвор од ЕУ. Ваквата помош може и да не биде пружена, доколку, како што уверува Вашингтон, воените планови на ЕУ доведат до тоа нивните вооружувања „да не може да дејствуваат заедно“, пишува шпанскиот весник.
„Можеби нашите армии ќе станат помалку компатибилни и нема да можат да се спротистават заедно“, заклучил американскиот дипломат.
Ова не е првото предупредување на САД на адреса на Европската унија. По првото упатено минатата 2018-та, година на почетокот од мај, исто така, El Pais објави дека официјален Вашингтон испратил писмо до ЕУ во коешто предупредил дека европските планови за одбраната ја доведуваат во прашање трансатлантската интеграција на воената индустрија и соработката во рамките на НАТО.
Како одговор на тоа, тогаше шефицата на европската дипломатија и заедничка безбедносна политика Федерика Могерини изјави дека нема причина за загруиженост во Вашингтонм, бидејќи овие проекти не ги менуваат правилата за јавните набавки, оти ЕУ ќе остане отворена за американските компании и опрема, како и дека „програмата за структурна соработка во одбраната PESCO претставува дополнување на сето она што веќе го имаме во врска со соработката во областа на одбранбените и истражувачките проекти“.
Анкетата којашто агенцијата YouGov ја спроведе во осум европски земји во средината на мај покажа дека помалку од половината од граѓаните на овие земји веруваат дека Русија претставува закана за безбедноста на Европската унија.