САД сигнализираат дека се подготвени за продолжување на преговорите со Иран

САД се подготвени да преговараат со Иран за враќање на почитувањето на договорот за неговата нуклеарна програма од 2015 година меѓу Техеран и шесте светски сили од кои Вашингтон истапи во 2018-та, им рекол на европските сојузници американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Во заедничката изјава на Велика Британија, Франција, Германија и САД, европските земји кои се потписнички на споменатиот договот со Иран, во четвртокот вечерта ја поздравија намерата на американскиот претседател Џо Бајден преку дипломатијата да се врати на преговорите со Иран. По разговорите во Париз, на кои шефот на американската дип-ломатија Ентони Блинкен се придружил преку видео-врска, потврдија дека заедничката цел е Иран да се врати целосно на обрските на договорот познат под кратенката JCPOA.

„Државниот секретар Блинкен повторно дека, како што рече претседателот Бајден, доколку Иран се врати во строгото почитување на своите обврски во JCPOA, САД ќе го сторат истото и подготвени се во врска со тоа да разговараат со Иран“, се наведува во заедничката изјава.

Иран започна да суспендира некои од своите обврски од нуклеарниот договор, откако европските потписнички на договорот не можеа да му гарантираат и да го олесната ударот од американските санкции воведени повторно во 2018 година. Сега Вашингтон со новата администрација го условува враќањето со инсистирањето Техеран прв да започне со враќањето во рамките на договорот.

Техеран го одреди крајниот рок за следната седмица Бајден да започне со укинувањето на санкциите кои ги воведе неговито претходник Доналд Трамп или, како што најави, ќе го преземе најголемиот чекор во суспендирањето на своите обврски а тоа е на кус рок да ги забрани инспекциите од Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) што е дозволено до Дополнителниот протокол.

Лондон, Париз и Берлин, познати како Е3, и САД го повикаа Иран да не презема никакви дополнителни чекори „во врска со Дополнителниот протокол и кои било ограничувања во активностите за проверките на IAEA на Иран“.

Министртие порачаа дека се решителни дека Иран не смее да создаде нуклеарно оружје и „изразија заедничка загриженост поради неодамнешните ирански акции за производство на ураниум збогатен до 20 отсто“, се додава во соопштението.

Ова е вторпат Блинкен да одржува разговори со своите европски колеги откако Бајден во јануарии стапи на должноста во Белата куќа, ветувајќи поблиска соработка со сојузниците од неговиот претходник.

„Јасно сме загрижени поради ризикот од натамошното иранско непочитување на договорот. Уште повеќе има причини за повторно заживување на трансантлантската диплоамтија“, изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб по разговорите.

Германскиот министер за надвоешни работи Хеико Маас додаде дека е задоволен „од тоа што новата американска администрација се враќа на патот на дипломатијата“.