САД сметаат дека ИД може да го објави новиот лидер за неколку седмици, без соработка со Ал Каеда

/

Американското разузнавање проценува дека џихадистичката терористичка организација Исламска држава по ликвидацијата на нејзниот водач Абу Бакр ал-Багдади, може да го објави името на својот нов лидер во текот на следните неколку седмици, но неверуваат дека ќе дојде до стратешки сојуз со ривалската исламистичка мрежа Ал Каеда.

Ваквите предвидувања во средата ги презентираше привремениот челник на Центарот за борба против тероризмот во рамките на американскот Национално разузнавање, Расел Треверс, зборувајќи на сослушувањето во комитетот за домашна безбедност на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

„Нема сомнение дека ова (ливидацијата на ал-Багдади), претстравува значителна загуба за Исламската држава, голем удар. САД и коалицијата што ја предводат постигнаа голем успех со ликвидациите на челниците на Исламската држава и Ал Каеда. Сметам, дека за неколку дена или седмици ќе слушнеме за нов лидер“, рече Треверс.

Според него, исто така, можни се и најави од страна на Ал Каеда за нови напади на Западот.

Двете терористички групаци, веројатно нема да создадат стратешки сојуз по ликвидацијата на водачот на Исламската држава, додаде Треверс. Ал-Багдади, како поранешен приврзаник на Ал Каеда, во 2014 година тогашната Исламска држава на Ирак и Левантот (ISIL) ја критикуваше Ал Каеда поради „недостиг од радикалност“ и ја отцепи својата групација.

„Исламската држава и Ал Каеда соработуваат на повеќе места – Западна Африка, Јемен, каде се надополнуваат ‘на теренот“. Сметам дека е малку веројатно дека ќе видиме стратешки сојуз меѓу нив. Ал Каеда дека калифатот бепе грешка, а Аби Бакр ал-Багдади се сметаше себеси за калиф…“, рече Треверс.

„Не мислам дека ќе бидеме сведоци на стратешки сојуз“, повтори челникот на американското разузнавање.