САД сметаат дека Пјонгјанг наскоро ќе лансира нова ракета

Експертите на американската влада сметаат дека Северна Кореја за неколку дена би можела да изведе нов тест, што би било првпат по лансирањето на проектилот преку Јапонија кон средината на септември, изјавиле за Reuters два „сигурни“ владини извори во вторникот.

Еден американски извор кој не сакал да биде идентификува, рекол дека САД поседуваат докази за тоа дека се точни јапонските извештаи за следењето на сигналите кои сугерираат дека Северна Кореја се подготвува за ново лансирање.

Двата извора рекле дека американските експерти веруваат дека новиот обид би можел да биде изведен „за неколку дена“.

Извор од јапонската влада претходно во вторникот изјави дека Јапонија детектирала радио сигнали кои упатуваат на тоа дека Северна Кореја можеби се подготвува за подготовка на ново лансирање на проектил, иако таквите сигнале не се невообичаени а сателитските снимки не покажуваат нови активности.

Други американски разузнавачки извори забележаа претходно дека Северна Кореја и порано намерно пуштала лажни сигнали за нуклеарни тестови и лансирање проектили, за да ги прикрие вистинските подготовки.

Одк април годинава Северна Кореја секои два-три месеца лансираше по еден проектили, а во септември направи пауза откако на 15-ти септември истрела ракета која го прелета јапонскиот остров Хокаидо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.