САД со над 11 000, а Русија со повеќе од 9 000 нови случаи на Ковид-19 за 24 часа

Вкупно 4 683 646 лица во светот досега заболеле со ковид-19, од кои 310 825 починале, а една третина или 1 791, 277 оздравеле, покажуваат податоците од сајтот „Ворлдометерс“ што се базира  на информации од СЗО.

Активни случаи во моментов се 2 581 544 од кои 98 проценти или 2 536 709 се со лесни симтоми, додека 44 835 се во тешка состојба.

Први на листата се САД со 1 495 614 заболени од ковид-19, од кои 11 329 се во изминатите 24 часа. Досега починаа 89 133 лица, од кои нови смртни случаи се 626.

Следува Шпанија со 276 505 лица заболени од кои 2 138 во еден ден, и 27 563 починати, од кои 104 во изминатите 24 часа.

Русија е трета по бројот на заболени во светот со 272 043 лица, од кои 9 200 во едно деноноќие и 2 537 починати лица.

Во Велика Британија бројката на заболени е 240 161, од кои 3 450 за 24 часа и 34 466 лица вкупно починати досега.

Италија има 224 760 заболени од кои 875 во едно деноноќие и 31 763 вкупно починати од кои 153 во последите 24 часа.

Бразил на јужноамериканскиот континент е земја со најголем број заболени – 222 877 и 15 046 починати лица.

Турција од Азија има најголем број случаи на заразени со ковид -19, 148 067 лица и 4 096 починати.

Од континентите во Европа има најголен број случаи на ковид-19, 1 761 057 лица и починати 161 549 лица.

Во Азија со ковид 19 се заразени 776 874 лца од кои досега починаа 24 277.

Следува Јужна Америка со 407 836 заболени и 15 046 починати.

Африка е претпоследна со 81 292 заболени и 2 690 починати од ковид-19.

Австралија и Океанија се последни со 8 638 заболени и 119 починати лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.