САД со нов предлог за решавање на кризата во Венецуела

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера предложи и Николас Мадуро и Хуан Гуаидо да се откажат од претседателската трка во периодот на транзиција, а „Државен совет“, составен од претставници на власта и опозицијата да биде задолжен за организирање слободни и фер претседателски и парламентарни избори во рок од шест до 12 месеци.

Помпео предлага Гуаидо за транзицискиот период да остане претедател на Парламентот и да му биде дозволено да се кандидира за претседател

– Тој (Гуаидо) е најпопуларен политичар во Венецуела и кога сега би биле изборите би остварил неверојатно добар резултат, посочи Помпео.

Тој додаде дека САД ќе продолжат да го поддржуваат Гуаидо.

– Николас Мадуро треба да замине. Секогаш зборувавме дека Мадуро никогаш повеќе нема да биде на власт во Венецуела, посочи Помпео.

САД од јануари 2019 година го признаваат Гуаидо како привремен претседател на Венецуела. Но, поддршката од САД и уште 50-тина држави во светот не доведе до решавање на кризата во Венецуела.