САД со нови мерки за сузбивање на имиграцијата

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп денеска најави нови, поостри мерки, за сузбивање на илегалната имиграција во САД.

Новите мерки опфаќаат ускратување „зелена карта“ за имигрантите кои користат здраствена помош, бонови за храна и сместување, или други видови државна помош.

Според досегашните федерални закони, луѓето кои бараат дозвола за постојан престој треба да докажат дека нема да бидат товар за општеството, но новите правила воведуваат поширок спектар програми чие користење ќе се проценува при утврдувањето на правниот статус. Правилата ќе стапат во сила во октомври.

Одредбата најмногу ќе ги погоди сиромашните имигранти кои живеат во САД легално и примаат државна помош и ќе бидат принудени да избираат меѓу финансиска помош и легален престој во земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.