САД со нови санкции за Иран

13

САД воведоа нови санкции кон Иран и продолжуваат да вршат економски притисок, а во исто време на Техеран му понудија помош во борба против новиот коронавирус.

САД бараат од Исламската Република да ги ослободи сите Американци што се затворени во Иран.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Иран размислува за ослободување од затвор на неколкумина американски државјани, но додаде дека САД планираат да продолжат со максимален притисок врз Техеран со цел да се оневозможи извоз на иранска нафта.

Тој додаде дека Стејт департментот на црна листа ставил девет лица од Јужна Африка, Хонг Конг и од Кина, како и тројца Иранци кои биле вклучени во „значајни трансакции со иранската нафта“.

Помпео не посочи кои Иранцисе под санкции, а американското Министерство за трговија најави дека на црната листа додаде шест лица, меѓу кои и еден ирански нуклеарен научник, како и 18 корпорации кои учествувале во иранската нуклеарна програма, пакситанската програма за развој на проектили и нуклеарна воена технологија и модернизација на руската воена технологија. Во сооштението од Министерството се наведуваи дека под забрана за извоз ќе биде и една компанија од Иран, две од Кина, девет од Пакистан и пет од Обединети Арапски Емирати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.