САД со санкции за терористички групи

САД соопштија во пресрет на 18-годишнината од нападите од 11 септeмври  дека воведуваат санкции за голем број групи што ги сметаат за терористички и нивни приврзаници, вклучително и палестинската група Хамас и Иранската револуционерна гарда.

„На удар на санкции се 15 лидери, поединци и субјекти поврзани со групи како што се Хамас, Ал Каеда, Исламска држава и Иранската револуционерна гарда“, се вели во изјавата на секретарот за финансии на САД, Стивен Мнучин.

Мнучин истакнува дека извршната наредба на Трамп за борба против тероризмот ги засилува американските овластувања кога цел се санкции за финансирање терористички групи и нивни водачи.

Санкциите предвидуваат дека средствата на засегнатите во САД ќе бидат блокирани, а на американските граѓани ќе им биде забрането да имаат бизниси со тие лица.