САД: Тарнер го предупредува Конгресот на „сериозна закана“ поврзана со Русија

Републиканскиот шеф на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес побара во средата од администрацијата на претседателот Џо Бајден да ги декласифицира информациите за, како што рече, сериозна закана за националната безбедност, а агенцијата Associated Press повикувајќи се на висок конгресен помошник пишува дека загриженоста се однесува на руско антисателитско оружје.

„Го молам претседателот Бајден да ги декласифицира сите информации поврзани со оваа закана, така што Конгресот, администрацијата и нашите сојузници можат отворено да разговараат за активностите за одговор на тоа“, рече републиканскиот претставник Мајк Тарнер без да даде дополнителни информации, а неговиот кабинет не ја коментира изјавата.

Два извора запознаени со темата за агенцијата Reuters изјавиле дека информацијата е поврзана со Русија и нејзините активности во Вселената.

Претеникот Мајк Тарнер не дал поединости за природата на заканата, а администрацијата на Бајден, исто така, одбила да ја коментира. Но, неколку водечки пратеници, вклучително и претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, брифирале за новинарите дека јавноста не треба да биде премногу вознемирена.

Помошникот во Конгресот рекол за агенцијата дека сфатил оти заканата се однесува на руско антисателитско оружје распоредено во Вселената, кое можеби или не е веќе лансирано. Таквото оружје може да претставува голема опасност за амереиканските сателити кои пренесуваат милијарди бајти податоци секој час.

Тарнер е застапник на линијата за дополнително заканување на вооружувањето на САД и на националната безбедност, со што влезе во судир со некои републикански колеги кои се залагаат за поизолационистички пристап. Тој повика на обновување на клучната владина алатка за зголемен надзор додека некои колеги републиканци и либерални демократи покренаа приговори за приватноста.

Исто така, Тарнер го поддржува продолжувањето на амеракнската воена помош за Украина во нејзината војна против Русија во време кога финансирањето останува неизвесно поради противењето во Претставничкиот дом во кој доминираат републиканците.

Џонсон за новинарите во Капитол рече дека нема овластувања да ги открие доверливите информации, но дека ја уверува јавноста оти ситауцијата е под контрола и оти „работиме на тоа и нема потреба од тревога“.

Демократскиот пратеник Џим Химс, високо рангиран член на Комитетот за разузнавање, во изјавата рече дека доверливите информации се „значајни“, но „не се причина за паника“. Комитетот за разузнавање на Сенатот рече дека го следи проблемот.

„Ние продолжуваме сериозно да ја сфаќаме оваа работа и разговараме за соодветен одговор со администрацијата“, се вели во изјавата демократскиот сенатор Марк Ворнер, претседател на Комитетот и на сенаторот Марко Рубио, републиканскиот потпретседател, и се додава дека „Во меѓувреме, мора да бидеме претпазливи во врска со потенцијалното откривање на извори и методи кои може да бидат клучни за зачувување на низа опции за американсја акција“.

Заканата што брзо се развива во Вселената беше една од основните причини за формирање на Вселенските сили беа формирани во 2019 година, според примерот на таквиот нов род на армијата кој го има Русија. Голем дел од таа закана е поврзана со новите способности што Кина и Русија веќе ги развиле, а кои можат да се мешаат со критичните сателити базирани на американските комуникации, како што се GPS и способноста за брзо откривање на лансирање проектили, пишува Associated Press.

Во последниве години, Вашингтон предупреува дека е забележливо дека Кина и Русија бараат нови начини за онеспособување на сателитите, да ги пресретнат нивните доводи, да ги „заслепуваат“, да ги соборат, па дури и потенцијално да ги зграпчат со роботска рака за да ги извлечат од нивните програмирани орбити. Една од клучните мисии на Вселенските сили на САД е да ги обучи војниците вешти за откривање и одбрана од такквите закани.

Во својата одбранбена вселенска стратегија за 2020 година, Пентагон рече дека Кина и Русија претставуваат најголема стратешка закана во Вселената поради нивниот агресивен развој на контравселенските способности и нивната воена доктрина која повикува на проширување на конфликтот во Вселената.

Белата куќа и пратениците изразија фрустрација од тоа како Тарнер ја искажал својата загриженост. Се чинеше дека неговата објава ја фати администрацијата на Бајден неподготвена, коментира агенцијата.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, им рече на новинарите дека требало да ги информира Тарнер и другите високи конгресни лидери во четвртокот. Саливан не ја откри темата и не даде други детали поврзани со изјавата на Тарнер.

„Фокусиран сум утре да одам да го видам, да седнам со него, како и со другите членови на Домот на Бандата на осумте. И не сум во позиција да кажам ништо подалеку од тоа во овој момент“, рече Саливан.

Призна дека не е стандардна практика да се понуди таков брифинг.

„Само ќе кажам дека лично контактирав… Многу е невообичаено, всушност, советникот за национална безбедност да го стори тоа“, рече Саливан. Тој рече дека контактирал претходно оваа седмица.

Џонсон рече дека испратил писмо минатиот месец до Белата куќа во кое барал средба со претседателот за да се разговара за „сериозното прашање за националната безбедност што е доверливо“. Тој рече дека состанокот на Саливан бил одговор на неговото барање.