САД тестираа ракета што беше забранета со Договорот ИНФ

27

Американската армија тестираше конвенционална крстосувачка ракета земја -воздух, која беше забранета со Договорот за забрана на ракети со среден и мал дострел (ИНФ).

Како што соопшти Пентагон, ракетата е тестирана во неделата од островот Сан Николас во Калифорнија и прецизно погоди мета по 500 километри лет.

Тестираната ракета може да носи конвенционални, но и нуклеарни боеви глави.

САД се повлекоа од Договорот ИНФ со Русија, откако со години ја обвинуваа Москва за негово кршење со распоредувањето на руски ракети ССЦ-8, кои можат да носат нуклеарно полнење.

По повлекувањето на САД и Русија се повлече од ИНФ.

Со тоа не важи Договорот за контрола на вооружувањето, со кој беше забрането развивање на ракети земја – воздух со дострел од 500 до 5.500 километри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.