САД тврдат дека Иран им го соборил дронот во меѓународен воздушен простор

Со ирански проектил е соборен воено беспилотно летало на американскикте соли во меѓународниот воздушен простор над Ормускиот теснец, изјави во четвртокот за Reuters американски функционер кој побарал да остане анонимен.

Функционерот открил дека станува збор за дрон на американските поморски сили од типот „MQ-4C Triton“. Други поединости не се познати, како ниту времето кога било соборено леталото.

Предтјходно морнаричкиот капетан и портпарол на Централната команда на американската војан, Бил Арбан. „Ниедно американско летало не беше во иранскиот воздушен простор“, навел/ч

Иранската елитна Револуционерна гарда објави во четвртокот дека соборила американско беспилотно летало за надзор во јужната покраина Хормозган. „Соборено е кога навлезе во воздушниот простор на Иран кај округот Кух-е-Мебарак, на југот“, се наведува во соопштението. Истовремено
Нејзиниот врховен командант, генерал-мајорот Хосеин Салами, порача дека нема да биде дозволена агресија над Иран.

„Соборувањето на американскиот дрон е јасна порака до Америка. Нашите гранции се црвената линија за Иран и силно ќе реагираме против секаков вид агресија. Иран не сака војна со ниедна земја, но потполно сме подготвени да се браниме“, рекол Салами во програмата на иранската државна телевизија.