САД уште еднаш го одложија објавувањето на мировниот план за Блискиот исток

44

Американскиот амбасадор во Израел, Дејвид Фридман, во неделата најави дека планот на претседателот Доналд Трамп за постигнување израелско-палестински мир ќе биде претставен следните месеци, што претставува уште едно одложување на овој план.

Оваа најава за новото одложување, доаѓа во периодот додека во дводневна посета на Израел престојува советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Болтон.

Во септември американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговиот план ќе биде објавен во следните два до четири месеци, додека израелскиот амбасадор во Обединетите нации, Дени Данон, малку подоцна рече дека тој план ќе биде претставен на почетокот од 2019 година.

Во меѓувреме во Израел беа распишани предвремени парламентарни избори предвидени за 9-ти април, па малку е веројатно дека планот ќе биде претставен пред изборите, бидејќи би можел да предизвика многу контроверзии кои би се рефлектирале врз кампањите на партиите и воопшто врз изборите.

Американскиот амбасадор Фридман во објаснувањето на одложувањето на објавувањето на планот рече дека до тоа дошло и поради израелските избори, но и дека тие не се единствениот фактор. Додаде дека планот е практично готов, но и оти треба да биде доработен.

„Би рекол дека тој план ќе биде откриен следните месеци… Кога ќе го објавиме сакаме да имаме најдобри шански да биде прифатенм… Предизвик за мировниот план е да се постигне што поточна процена на стварноста во регионот“, прецизираше Фридман.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.