САД: Усвоен закон за помош на Украина

Двата дома на американскиот Конгрес го усвоиле законот со кој што се обезбедува гаранција за заем од милијарда долари на Украина и санкции на учесниците во присоединувањето кон Крим.

Сенатот синоќа едногласно да ги одобри мерките за обезбедување на гаранции за заем на Украина и давање на американскиот претседател, Барак Обама, поголем авторитет да воведе дополнителни санкции на Русија и на блиски луѓе на претседателот Владимир Путин поради „дрскиот“ упад на Крим претходно овој месец.

Претставничкиот дом усвоил најразлични верзии на тој закон со кој што во исто време и’ се обезбедува поголема помош на Украина и ја казнува Русија. Во долниот дом на американскиот Конгрес не е постигнат консензус по тоа прашање, но поголемото мнозинство од 399 пратеници биле „за“, додека против биле 19.