САД велат дека ќе бидат „добар домаќин“ на Русија на самитот на APEC

Соединетите држав ќе ја третираат Русија како целосен учесник на Азиско-пацифичкиот самит оваа седмица во Сан Франциско, и покрај напорите на САД да ја изолираат Москва поради нејзината инвазија на Украина, изјави висок американски претставник.

Бидејќи посетата на рускиот претседател Владимир Путин е политички незамислива, Русија на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) ќе ја претставува рускиот вицепремиер Алексеј Оверчук.

„Тој биде третиран како шеф на делегацијата и ќе има можност целосно да учествува на настаните оваа недела“, изјави за AFP Мет Мареј, претставник на APEC во американскиот Стејт департмент.

Оверчук е под голем број западни санкции, вклучувајќи европски, но не и американски, за разлика од многу други високи руски функционери.

„Цела година кажуваме дека сакаме да бидеме добри домаќини на APEC. Но, ние ќе го направиме тоа во согласност со американските закони и прописи. А учеството на Русија, очигледно, е обликувано од тоа, поради санкциите“, вели Мареј.

Признава дека Оверчук „очигледно нема да биде на исто ниво“ во дипломатскиот протокол како шефовите на држави и влади кои доаѓаат во APEC. Меѓу нив е и кинескиот претседател Си Џинпинг, кој во среда ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден.

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Владимир Путин, поради што тој годинава не учествуваше на самитите во Јужна Африка и Индија, но неодамна ја посети Кина. САД јавно кажаа минатиот месец дека Путин не е добредојден во Сан Франциско, на што Русија одговори дека е на секоја членка на APEC да одлучи кој ќе ги застапува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.