САД во јули со најголем трговски дефицит во последните 12 години

15

Надворешно-трговскиот дефицит на САД во јули скокна на 63,6 милијарди американски долари, што е највисоко ниво во последните 12 години. Последица е на рекордниот скок на увозот од 10,9 проценти, односно на 231,7 милијарди американски долари, додека извозот  изнесува 168,1 милијарди долари.

Министерството за трговија на САД објави дека односот на вредноста на увозот и извозот е за 18,9 проценти поголем во јули отколку во јуни, кога дефицитот во надворешната трговија изнесува 53,5 милијарди американски долари. Ова е најголемиот месечен дефицит на САД од економската криза во 2008 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.