Официјален Вашингтон не само што дава целосна поддршка на процесот за решавање на спорот за името, туку е ангажиран преку тивка дипломатија во неговото решавање.
Ова го потврди Вес Мичел, помошникот државен секретар во Стејт Департментот, задолжен за Македонија и регионот, при вчерашното обраќање на „Херитиџ фондацијата“, каде ја промовира стратегијата на претседателот Доналд Трамп за Европа.
Неодамна зазедовме заеднички став не само за Србија и за Косово, туку работиме и на Босна и Хецеговина, на прашањето за името помеѓу Македонија и Грција. Како што напоменав дел од нашиот тим во моментов работи на ова прашањето, а САД продолжува да игра тивка улога заедно со ЕУ, Германија и останатите, охрабрувајќи да се најде решение за името за да ја видиме Македонија како членка на НАТО. На сите овие области на дневна основа трошиме време и енергија, како и ресурси за проблемите на Западниот Балкан. Мислам дека за некои од овие проблеми, што се влечат многу одамна, не очекувам да ги видам целосно решени во скорешно време, но мислам дека правиме добар напредок, одговорил Мичел.
Тој, сепак,не сакал да одговори на прашањето колкав е процентот за можното решавање на прашањето за името на Македонија.