САД воведуваат нови царини на кинеските производи

Американскиот претседател Доналд Трамп најави во четвртокот дека ќе наметне нови царини од 10 отсто на увозот на стоки од Кина во вредност од 300 милијарди американски долари, почнувајќи од 1-ви септември, додавајќи дека во тоа не се воведени претходните намети во висина од 25 отсто врз кинеските производи во обем од 250 милијарди долари. Оваа одлука веднаш ги урна цените на американските акции.

„Сметам на продолжување на позитивниот дијалог со Кина за сеопфатен трговски договор и чувствувам дека меѓу нашите две држави ќе има многу светла иднина. Трговските преговори продолжуваат, а во текот на преговорите САД на 1-ви септември ќе почнат со наплата на мали дополнителни царини од 10 отсто на преостанатата стока и производи кои доаѓаат во нашата земја од Кина во износ од 300 милијарди долари. Тоа не ги влкучува 250 милијарди долари (вредни стоки) кои веќе се царинат со 25 отсто“, објави на Twitter американскиот претседател Доналд Трамп.

Додаде дека американските претставници се вратиле од Кина, каде што седмицава се одржа уште една рунда од трговските преговори. Според Трамп, дијалогот имал „конструктивен“ карактер.

Трамп, исто така, ја критикува Кина дека не ги исполнила ветувањата дека ќе купува повеќе американски земјоделски производи, какпо и од самиот кинески претседател Кси Џинпинг, бидејќи не сторил повеќе да ја сузбие продажбата на синтетичката дрога фентанил.

Американските и кинеските преговарачи во средата ги завршија дводневните преговори без значителни придвижувања, иако и двете страни разговорите ги оценија како конструктивни. Новиот круг од преговорите се очекува во септември.

САД и Кина водат трговска војна од минатата година. Тензиите се одразија на глобалните синџири за снабдување и ги потресе финансиските пазари. Двете водечки економии во светото меѓусебно си воведоа царини на стоки во вкупна вредност поголема од 360 милијарди долари, што им нанесува штети на индустриските компании на двете страни од Пацификот.

Кинескиот државен завод за статистика објави во средината на јули дека кинеската економија пораснала во вториот квартал од годинава со најбавното темпо во последните речиси 30 години, закочен со американско-кинеската трговска војна и послабата глобална побарувачка. Во периодот од април до јуни економските активности пораснале за 6,2 отсто, а во претходното тримесечје стапката на раста изнесувача 6,4 отсто.

Американскиот претседател Домалд Трамп ветувањето за намалувањето на американскиот трговски дефицит со Кина го вброи меѓу приоритетите на својата кампања во 2016 година. Кина следната 2017 година кон САД имаше рекорден суфицит од 375,2 милијарди долари. Трамп сака да го намали за 200 милијарди долари до 2020 година.