САД за кибернетички напади обвинија шест хакери на руското воено разузнавање

САД во понеделникот подигнале обвинение против шест наводни хакери на руската воена разузнавачка служба ГРУ порадио неколку најголеми светски кибернетички напади.

Шесте хакери и нивните помагачи користеле штетен софтвер во кибернетички напади во Франција, Грузија, Холандија, Јужна Кореја, Украина, Велика Британија и во САД, според документите на судот.

Меѓу целите на нападите наводно биле украинскиот електроенергетски систем, француските избори во 2017 година, Зимските олимписки игри следната година во Јуќна Кореја, парламентот на Грузија и болници во САД,

„Деенска правосудството обвини руски офицери за водење иза крајно пореметувачки и уривачки компјутерски напади, најтешките кои некогаш ѝ се припишани на некога грипа, вклучувајќи го малверот NotPetya“, се наведува во изјавата на помошникот на државниот обвинител за национална безбедност, Џон Демерс.

Сите шест обвинети се товарат за заговор за извршување компјутерски измами, заговор за извршување измами на интернер, оштетување заштитени компјутери и тешка кражба и користење туѓи лични податоци.

Тие наводно биле дел од група којашто стручњаците за кибернетичка безбедност ја нарекле „Тимот песочен црв“. Еден од обвинетите, Анатолија Ковалев, претходно веќе обвинет за наводно мешање во претседателските избори во САД во 2016 година.