САД првпат по 1973 година најголем светски производител на нафта

За прв пат од 1973 година САД е на првото место на најголемите производители на нафта во светот, се вели во прелиминарниот извештај на Министерството за енергетика, пишува CNN.
Според нивните податоци, САД произведувала 11 милиони барели нафта дневно во август, надминувајќи ја водечката Русија. Исто така, прв пат по 1999 година САД произведуваат повеќе нафта од Русија.

Ова е историско достигнување и потсетник за сите дека никогаш не треба се обложува против американската нафтена индустрија, изјави шефот на консултантска фирма Rapidan Energy Group, Боб Мекнејли.

Нафтениот бум во САД е предизвикана од црпење на нафта од шкрилци, поради што американското производство во последните десет години е повеќе од двојно зголемено. Новото производство е главно концентрирано во јужните држави на САД, особено во Тексас и дел во Ново Мексико.

Поради овие нови наоѓалишта производството во Тексас се искачи на речиси шест милиони барели нафта дневно, со што, ако беше независна држава, би била трет производител на нафта во светот.

Она што дополнително ќе ги задоволи Американците е прогнозата, според која, на врвот на листата на светските производители на нафта би можела д остане и следната годината пред Русија и Саудиска Арабија. Според проценките на американската Агенција за енергетски информации (ЕИА), САД следната година ќе произведуваат 11,5 милиони барели нафта дневно.

Инаку, најголемите нафтени резерви не се во посед на ниту една од првите три глобални производители на нафта, туку Венецуела.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.