САД „загрижени“ поради израелското затворање на палестински групи за човекови права

Вашингтон порача дека е „загрижен“ откако израелските власти затворија неколку палестински невладини организации кои дејствуваа на Западниот брег (на реката Јордан), кој меѓународната заедница го смета окупирана палестинска територија од Израел во ткн Шестдневна војна во 1967 година.

Претходно израелската војска објави дека извршила ноќни претреси во седиштата на седум организации во Рамала, градот на Западниот брег каде што се наоѓа седиштето на Палестинската самоуправа.

Израел минатиот октомври шест палестински активистички организации означи како терористички организации поради нивните наводни врски со левичарската милитантна група Народен фронт за ослободување на Палестина (PFLP), иако израелските власти не споделија никакви докази за таквите врски.

Сите невладини организации негираа каква и да е поврзаност со PFLP, кои многу западни земји следејќи ги САД ја прогласија за терористичка организација.

„Загрижени сме поради затворањето на шест канцеларии на палестински организации во и околу Рамала од страна на израелските безбедносни сили. Не го променивме својот став или пристапот кон тие организации. Последните месеци не видовме ништо што би го променило нашиот став“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс на брифинг за новинарите додавајќи дека САД не финансираат ниедна од тие организации.

Американски функционери стапиле во контакт со израелските колеги „на повисоко ниво“, за да добијат дополнителни информации кои Израел ветил дека ќе ги пружи, дополни Прајс.

На седмата организација во чиишто канцеларии упаднале во четвртокот израелските безбедносни сили, Унијата на одборите на здравствените работници“, Израел ѝ го забрани дејствувањето на Западниот брег во 2020 година.