Саем за мебел од 29 март до 2 април во комплексот „Борис Трајковски“

Под мотото „Разбуди ја естетиката во себе“, од 29 март до 2 април во комплексот „Борис Трајковски“ ќе се одржи Саемот за мебел.

Саемот ќе го користи целокупниот внатрешен затворен капацитет, како и монтажни објекти кои ги задоволуваат критериумите на саемско претставување. Просторот ќе биде соодветно адаптиран по највисоки стандарди.

Саемското претставување ќе трае 5 дена, а се очекува голем број домашни производители на мебел да ги претстават своите најнови изданија, како и интернационални брендови кои се присутни на пазарот преку нивните застапници.

Скопски саем за пролет ги најавува и Саемот на книгата кој ќе се одржи од 4-ти до 10 мај и ќе го одбележи својот 35-ти јубилеј, како и Саемот за транспорт закажан за периодот од 7-ми до 9 јуни на кој ќе бидат претставени товарни и комерцијални возила пред деловната публика.