Шахистите на Алкалоид со победи стартуваа на Европскиот куп

ШК “Алкалоид” оствари победа од 5,5 : 0,5 – пет победи и едно реми против британскиот претставник “Блекторн Русија“.

Победи забележаа Јаковенко, Андреикин, Криворучко, Ју и Недев. На првата табла, противникот на Иванчук, со ризична игра и жртви на две фигури успеа да стигне до вечен шах, односно реми.

Во останатите партии, шахистите на “Алкалоид” со сигурна игра не им дадоа шанса на своите противници и притоа Јаковенко и Андреикин ги принудија противниците на капитулација уште во средишницата, а останатите со постепено зголемување на предноста, извојуваа победи во завршницата од партиите.

Ова е Европски Куп со досега најсилен состав на играчи, односно со присуство на речиси целата светска шаховска елита. Рејтинг – фаворитите “Сокар” Азербејџан и “Сибир” Русија, како и останатите топ-тимови се интернационален микс на елитни играчи предводени од поранешните светски прваци Топалов и Крамник.

Првото коло помина без изненадувања, па фаворитите извојуваа сигурни победи.

Извор: Екипа