Сјај, гламур и голема безбедност на отворањето на 70-от Кански филмски фестивал

Во среда вечер на францускиот Азурен брег во Кан ќе биде отворено 70-то издаие на најнапознатиот филмски фестивал восветот со големи мерки на безбедност поради низата терористички нападио мината и оваа година во Европа, особено го Франција.

Полицајци со автоматски пушки патролираат на аеродромот, железничката станица и по улиците околку локациите на коишто се одржуваат фестивалските соржини кои секоја гоина во Кан привлекуваат илјаднции туристи од целиот свет.

Поставени се 550 нови надзорни камери, бетонски жардињери со цвеќиња сместени се на стратешки места за да се ограничи сообраќајот околу фестивалската сцена, што е реакција на терористичките напади со камиони минатата година во Ница и во Берлин, и годинава во Стокхолм.

Во единаесетте фестивалски денови ќе бидат прикажани 49 филмови од 29 земји. Во официјалната конкуренција за Злантната палма ќе бидат прикажани 19 филмови.

Откако на почетокот од месецот беше објавено дека со жирито на фестивалот годинава ќе претседава режисерот, продуцент и сценарист Педро Алдомовар, кој е всушност првиот Шпанец кој го води жирито во Кан, имињата на другите членови на жирито се чуваа во строга тајност. Во деветчленото жири на годинешниот фестивал на францускиот Азурен брег ќе има уште тројца режисери. Марен Аде, кој ја режираше комедијата „Тони и Ердман“, потоа јужнокореецот Парк Чан-вук, автор на филмот „Олдбој“, и нивниот италијански колега Паоло Сорентино познат по филмот „Голема убавина“. Во жирито се уште и францускиоата сценаристка, пејачка и актерка Ањес Жауи и добитникот на Оскар за музија, Габриел Јаред. Претходно беше објавено дека официјален водител на годинешната смотра е познатата италијанска актерка Моника Белучи.

Фестивалот ќе биде отворен во средата вечерта со проекцијата на „ Les Fantomes d’Ismael“ (Духовите на Исламил) на францускиот режисер Арнол Деплешен, во кој глумат неколку истакнати француски актерски ѕвезди како Матион Котијар, Луј Гареж Матје Амалрик.
За Златната палма ќе се натрпеваруваат по четири филмови од Франција и САД, два од Јужна Кореја и по еден од Унгарија, Велика Британија, Австрија, Русија, Украина, Грција, Германија и Јапонија. Меѓу фаворитите се филмот на Софија Копола „Измамената“ со Никол Кидман и Кирстен Данст, новите филмови на Франсоа Озон, Михаел Ханеке и Фатих Акин.

Годинава во Кан на црвениот тепиј се очекуваат Никол Кидман, Џејк Гилинхол, Тилад Свинтон, Хоакин Феникс, Роберт Парисон, и Колин Фарел коишто ќе ги претстават филмовите во коишто играат.

Македонија копродукциски ќе биде претставена во компетитивната програма „Извесен поглед“ (Un Certain regard), со чиешто жири ќе преседава Ума Турман. Филмот „Насоки“ на бугарскиот режисер Стефан Командарев, со учество на македонските продуценти Владимир Анастасов и Ангела Несторовска, како и македонската костимографка Жаклина Крстевска и потписникот на шминката Мартин Павловски ќе биде прикажан во програмата , втора по важност компетитивна програма.

Жанровски, „Насоки“ е драма, снимена на бугарски јазик. Инаку, Командарев е еден од водечките бугарски и европски режисери. Филмот е поддржан и од Македонската агенција за филм.