Сајмон Јам, познатиот актер од Хонг Конг, избоден со нож

Сајмон Јам, познат актер и продуцент од Хонг Конг е избоден денеска со нож во стомак, а осомничениот за напад на југот од Кина е уапсен.

Сајмон Јам не се здобил со повреди опасни по живот, навела полицијата, а мотивот за нападот на актерот чие кинеско име е Јам Тат вах не е познат. Инцидентот се случил додека актерот бил на промоција на отворање на еден локал.

„Избоден е во стомакот и се здоби со исекотини на рацете, но цело време е во свесна состојба“, изјавил неговиот менаџер Лестер Мо.

Иако раните не се опасни по живот, докторите одлучиле да се изврши операција.

Јам глумел во повеќе од 125 филмови и 40 телевизиски серии, а играл и во холивудскиот филм Лара Крофт.