14.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Сакам да ви кажам една работа

А, тоа се две ствари – ред, работа и дисциплина… Еј вицов е постар и од мене, датира од времето кога трчавме да стигнеме во Јајце – то на Тито ама снегот не завеа и изненади, како деновиве.

Пред многу многу години, имав еден пријател кој ме замоли да му помогнам да се пресели во изнајмена соба, се чудев оти беше добро ситуиран. Ми кажа дека има огромен испит и многу, премногу матерјал да научи и дека единствен спас му е да побегне и се изолира. Зема соба во околна приградска населба.  Ова е во време со фиксни телефони, со два канала на тв и од безжично само радио. После 5 дена ми ѕвони телефонот и ме буди во ниедно време, едно: „аман…помагај, умрев“ Се запатив со југото и го најдов на под, како лежи во локва од сопствена повраќаница. Не мирисаше на алкохол, но беше сив и модар и го „спакував“ во кола, во болница. Докторот ми рече дека токсиколошки е чист, нема алкохол ни дрога во системот, ниту серозно нешто со мозок, срце, но дека е исцрпен до изнемошетеност. Му даваа инфузии. Ме праша дали знам што правел. Му кажав дека се изолирал да учи и дека е човек без пороци. Ме викна во неговиот кабинет ме седна и ми рече дека ако ми е навистина пријател да му помгнам да се прибере оти може да се влоши уште повеќе ако продолжи, мора да одмори од учење? Како? Па зар умрел некој од учење? Тогаш разбрав дека со исцрпеноста доаѓала презаситеност, мазохистички фанатизам, премногу читање, меморизирање, максимална преокупација на мозокот и дека едноставно нервниот систем му попуштил, пад на системот, колапс. Другарот ја научи лекцијата, малку медитираше, малку повеќе спиеше, си зададе подолги рокови е остана перфектен.

Колкав е вашиот капацитет драги мои? Колку можете да примите едни те исти информации повторно и повторно во еден ден без здив, во висока тензија? Мислите дека нема последици? Искрено дома се обидувам да останам максимално неинформиран бидејќи не гледам никакво фајде кај моите извонредно информирани колеги кои деноноќно обработуваат скоро исти информации. Сите до еден што ги знам се ресетираат со алхолол или рекреативна дрога. Нема ништо против чаша, Џони црна етикета, неделно, но поважно е да имам доволно слободен рам.

Дали сте свесни во каква хистерична и абнормална ситуација сте ако ја следите политичката ситуација кај нас? Далеку од тоа дека не треба, напротив, треба да сте добро информирани оти манипулации имате секојдневно и со таква брзина кои во историјата во земји се случувале со децении, а кај нас со денови. Ќе се мрденете, ќе изгубите компас, фокус, репер, ќе глумите знаење, патриотизам, правдољубиви, а ќе бидете потполно неупотребливи само заради презаситување.

Има ли по одвратана песна која постојано некој ви ја пушта? Деспасито стана една од најомразените … Ламбада, Дечко ајде олади, гангам стајл … сите тие толку многу се вртеа да на крај сите ги мразат и им се гади од нив, а не се лоши песни, но, презаситеноста… Знасете ли дека има луѓе и тоа приличен број, кои немале проблем да конзумираат (например јагоди, кикирики) но, кога претерале развиле алергија и сега не можат ни да вкусат? Презаситеноста психичка се одразува највулгарно – органски!  Сите вам ви се гади, преку глава ви е и не можете да избегате, па и намерно е така, за да може да се изработи проектот до крај. Ма ја појма нема, само лупетам и пишам како ми доаѓа, ама знам што е мачнина во стомак и од каде доаѓа, тоа големите анаилитичари во својот самобендисан ѓоа професионализам не можат ни да го исперцепираат, а камоли да во својата новинарска општествена одговорност која ја имаат само кон партијата да ве олабават барем за миг или ви посочат покажувајќи грам емпатија.

– Груевски побегна, Груевски доби азил, Јанакиески во притвор, Божиновски во притвор, Мијалков притворен… и после 8-те пратеници кои гласаа ги заборавивте со се’ референдумот кој како да не се одржал, да не говорам за преспанскиот кој денес како да е избришан од меморија, а сигурно нема ни грам рам за бугарскиот… итн. итн. итн.

А, во меѓувреме

Попис без графи, националност, нови задолжувања, нови апсења, уствани измени, задолжувања, зголемени цени … во паралел слалом

И не ја научивте лекцијата од Бранко? Дека за девалвација ако треба има „славенички огномет“ да се приреди во Тетово и Гостивар на исти ден?

Во политиката нема: случајно, не знаев, се поклопило и празен простор. Дали ќе се тркалате во сопствените повраќаници огадени од сите и од се или ќе бидете рационално суштество кое ќе се прилагоди, еволуира и најде нови екфикасни начини за како понатаму – зависи од вас. Курчењето кој знаел, кој кажал прв, кој бил најголем патриот, кој прв викал дека треба да се апси еден или друг е работа на лично его за лична промоција, политичка или било каква. Никој од ликовите кои се на сцена не го прават за доброто на народот и државата, туку својот личен интерес, и додека сте овердозирани и повраќате од се’, вашиот заматен и истотштен ум не може да ја види големата слика и прецепира што му се случува пред носот.

Олабавете ако сакате да помогнете, одмoрете, земете здив, изгледајте филм, прочитајте книга, направeте работа која вообичаено не ја правите, не пијанки и бесотилаци, нешто што ќе ве одмори, ќе го пренасочи умот и релаксира, колку и да изгледа невозможно – верувајте дека може, оти канцер и нервни растројства не се добиваат само од загадување.

Ако не знаете ништо друго – молитва … ама кој сум пак јас да ви месам бурек, попаметни сте од мене.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.