Сакаме претседател за кој Ромите ќе бидат приоритет во неговата визија за Македонија

Очекуваме победа на најдобриот, а наше мислање врз основа на разговорите со граѓаните на Република Македонија, победник на овие претседателски избори ќе биде Гордана Силјановска, вели првиот човек на „Демократски сили на Ромите“, Шабан Салиу.

Шабан Салиу

Шабан Салиу, лидер на политичката партија „Демократски сили на Ромите“, дава поддршка за професорката Гордана Силјановска Давкова, претседателски кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

За него е особено важен моментот да нема селективна правда и за сите да важат исти правила. За професорката Силјановска Давкова вели дека во неа гледа личност која ќе се грижи за сите националности во државава, а секако и за Ромите.

Претстојат претседателски избори, каква кампања очекувате?

Во кампањата тројцата кандидати треба пред сѐ да мислат на граѓаните, теба јасно да ја образложат својата пограма. Во оваа ситуација во која имаше промена на името, договор и со Бугарија, граѓаните мора да знаат по кој пат ќе ја движи Македонија било кој од кандидатите. Својата визија кандидатите треба да им предочат на граѓаните. Имајќи ги во предвид насоките кои ги дава меѓународната заедницата, кандидатите и партиите кои ги поддржуваат треба да внимаваат и да има фер и коректна кампања без ниски удари, иако секој од кандидатите треба да биде свесен дека граѓаните се интересираат за секој аспект на животот, како за тоа каке и како ја гледаат Македонија во иднина, така и пиватно кои се и што прават. Ние како Роми се интересираме, сакаме да слушнеме каква е визијата на кандидатите и за Ромите. Сакаме претседател за кој Ромите ќе бидат приоритет во својата визија за Македонија.

Што велите каква би била ситуацијата доколку победи Пендаровски, а што очекувате од Силјановска?

Очекуваме победа на најдобриот, а наше мислање врз основа на разговорите со граѓаните на Република Македонија,победник на овие претседателски избори ќе биде Гордана Силјановска. Со нејзината победа очекуваме силно влијание во внатрешната и надворешната политика на државаа, тоа значи промена на овие политики или ставање акцент на спроведување на владеењето на правото. Тука особено важен е моментот да нема селективна правда, за сите да важат исти правила. Во неа гледаме личност која ќе се грижи за положбата на сите националности во државава, а секако и за нас Ромите. Доколку победи Пендаровски веројатно е дека само ќе продолжат лошите политики на владата предводена од СДСМ. Тој веќе беше кандидат и она што можевме да го видиме меѓудругото беше навреда на граѓаните. Како може тој да направи услови за подобра ситуација во земјава.

Што велите за ситуацијата во државава, задоволни ли се Ромите за случувања?

Ромите од сегашната состојба во Република Македонија не се задоволни. Она што можам да го кажам е дека живеат на маргините на општеството без почитување на основниот принцип на еднаквост пред Уставот и законите. Токму затоа потребно е поголемо залагање од надлежните, па дури и од претседателот на државата. Досега она што можевме да го видиме е само формално правна еднаквост, еднаквост само на хартија.