Сакате шарена градина? Во март се сади ова цвеќе….

Closeup of colorful Gladiola flowers in pink purple yellow red white

За да имате прекрасна градина на лето, ви препорачуваме да ги послушате овие совети за садење цвеќиња.

Бројни билки се садат во март, а тоа се главно цвеќиња кои ќе процветаат во јуни.

На почетокот на март треба да се садат гладиоли, кали, амарилис, лилјани и други. Доколку сакате ова цвеќе убаво да фати, неопходно е да го засадите најдоцна до мај.

Вистинско време за садење на цвеќиња е кога ќе помине опасноста од мраз, а цвеќињата треба да ги поставиме на места каде има сонце.

Длабочината на садниците зависи од видот на цвеќето па пред да засадите, добро информирајте се за билката која сте ја одбрале.

Исто така, важно е да направите раздалеченост на садниците за секоја билка да се развива во најдобри услови. Така на гладиолите им треба оддалеченост од 12 до 15 сантиметри. Лилјаните бараат да бидат одвоени од другите билки 30 сантиметри. Далиите пак, треба да ги садите на раздалеченост од најмалку 40 сантиметри.