Сакс: Санкциите на САД доведоа до смрт на 40.000 Венецуелци

Околу 40.000 Венецуелци починале за помалку од две години, како резултат на воведивањето на американските санкции против оваа латиноамериканска земја, со цел да се изврши притисок и смена на актуелната власт, се наведува во истражувањето на познатиот американски економист Џефри Сакс, објавно претходно седмицата.

„Американските санкции имаат цел да ја разорат економијата на Венецуела, и на тој начин да доведат до промена на режимот. Ова е бескорисна, немилосрдна, нелегална и катастрофална политика, која предизвикува голема штета на венецуелскиот народ… Меѓу резултатите од широките економски санкции, воведени од администрацијата на (американскиот претседетел Доналд) Трамп од август 2017 година, се и повеќе од 40.000 смртни случаи“, се вели во студијата објавена од американскиот Центар за економски и политички истражувања.

Во студијата, исто така, се истакнува дека американските санкции ја намалиле достапноста до прехранбени продукти и лековои, притоа зголемувајќи ги заболувањата и смртноста на населението. Според извештајот, околу 80.000 лица со ХИВ не добиле антивирусен третман од 2017 година, а притоа и големо мнозинство од четирите милиони Венецуелци со дијабетес и хипертензија не можат да замат инсулин и кардиоваслкуларни препарати. Покрај тоа, се истакнува и дека во скора иднина можни се уште десетици илјадни нови смртни случаи меѓу Венецуелците.

Венецуела неколку години е погодена од тешка економска криза, којашто се влоши под дејство на финансиските и економски санкции. Санкциите против Венецуела, насочени за уривање на левичарската власт, на сила се од март 2015 година, кога тогашниот американски претседател Барак Обама ги вовед против неколку високи венецуелски функционери како одговор на протерувањето на американски дипломати обвинети за шпипонажа и подготовики за бунт во венецуелската војска. Американските санкции потоа повеќепати беа засилувани, а беа наметнати и на стратешките државни компании. Вашингтон на 28-ми јануари објави воведување санкции против националната компанија за нафта и гас PDVSA.