Сала со апел до татко му: Ако немате вест од мене, пратете луѓе да ме бараат

Исчезнатиот напаѓач на Кардиф Сити, Емилијано Сала се сомневал во способностите на авионот со кој полета од Нант за велшката престолнина, соопштува АФП.

Во аудио порака која ја испратил на своите пријатели и роднини, 28-годишниот Аргентинец рекол: Се качив на авион кој изгледа како дека ќе се распадне и летам за Кардиф.

Напаѓачот беше купен од Кардиф часови пред несреќата, а велшкиот клуб на Нант му исплати рекордни 15 милиони фунти.

Сала се качил на модел „Пајпер Малибу“ во близина на Нант и заедно со пилотот тргнале кон Велика Британија.

Авионот исчезнал од радарот околу 20 километри северно од островот Гернси.

Ако до час и половина немате вести од мене, испратете луѓе да ме бараат, бидејќи едвај ќе ме најдат. Тато, многу се плашам!, рекол Емилијано Сала во аудио записот, цитиран од аргентински медиуми.

Спасувачките екипи засега неуспешно трагаат по авионот, на површина од 3.000 квадратни километри.