
Министерот за здравство Беким Сали вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека е подготвен да си замине од министерската функција, доколку партијата го побара тоа од него.
Тој вели дека за разлика од другите партии, во Алтернатива нема фиксни места.
– Мојата позиција како министер не треба да биде дискутабилна. Подготвен сум да заминам заради партиските интереси. Менувањето на имињата е нормално. За разлика од другите партии, ние не инсистираме човек нужно да има работа овде или таму – рече Сали.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.