20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Салиу: Опасните бактерии МРСА и ацинетобактер детектирани на КАРИЛ

Новинарот Фуркан Салиу во објава на социјалните мрежи пишува дека во интензивниот оддел во КАРИЛ детектирани се две опасни бактерии МРСА и ацинетобактер.

-Знаете колку голема стана темата со интрахоспитални инфекции пред некое време? Секако оправдано знаејќи како се третираат во нормални држави и како се третираат кај нас.

Имено, според наши извори во интензивниот оддел во #КАРИЛ детектирани се две опасни бактерии: #МРСА и #АЦИНЕТОБАКТЕР.

МРСА знаеме колку брзо се шири и за пациенти во тешка состојба какви што се во интензивниот оддел на КАРИЛ можат да бидат и фатални. Што прават нашите институции? Па да, може да претпоставите… Спијат.

На 21.11 откриено присуство на МРСА кај 4 пациенти, а кај едниот и присуство на ацинетобактерија. После три дена, а не после 48 часа како што е пропишано во законот за заштита од заразни болести се информира одделот дека има присуство на две опасни бактерии.

Осум дена покасно, институциите немаат врска што се случува.

Одамна немало појава на вакви бактерии и одеднаш се појавуваат што значи дека најверојатно е внесен. Наместо да се земат брисеви од вработени, и да се следат сите други инструкции ова е на пример одговорот на ИЈЗ.

“Во врска со Вашето прашање за пријавени интрахоспитални инфекции од КАРИЛ, би сакале да Ве известиме дека до ИЈЗ – Оддел за епидемиологија на заразни заболувања, од страна на Центрите за јавно здравје не е доставена пријава за интрахоспитална инфекција од посочената установа. Во однос на прибирање пријави за интрахоспитални инфекции, нивна анализа и превземање соодветни мерки, надлежна установа е Центар за јавно здравје, а за посочената установа надлежен е Центар за јавно здравје Скопје.“

А од Центарот за јавно здравје велат дека имаат пријава за еден пациент, кој најверојатно е друг случај. И додека институциите се разберат како и што треба, којзнае (а ќе дознаеме) дали сите 4 пациенти сеуште се живи.

Но еве и во случај да се побара изолација на просторијата и преместување на пациентите, во КАРИЛ нема резервна соба за интензивна нега.

Господ и да сака да ни помогне со ваков здравствен систем едноставно НЕ МОЖЕ. Секако, се собираат и други детали од целава прича па ако институциите не удостојат со точни и навремени одговори можеби и ќе склопиме сторија, стои во објавата на Салиу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.