Шалке ги однесе бодовите од Волфсбург

519

Во последниот натпревар од саботната програма на 27-то коло од германската Буднеслига, фудбалерите на Шалек 04 на гости беа подобри во Волсфбург со 1:0, благодарејќи на автоголот на Робин Кнохе во 86 минута.

Несреќата на домашните да биде поголема, десет минути пред да биде постигна решавачкиот автогол, Волфсбург не реализираше најстрога казна, односно ударот на Пол Верхаге го одбрани гостинскиот голман.

Претходно Хофенхајм на гости кај Борусија Менхенгладбах одигра 3:3, иако трипати беше во водство. Хофенхајм поведе во 13 минута преки Бенјамин Хубнер. Домашните израмнија во 33 минута, преку швајцарскиот интернационалец Јосип Дрмиќ. Гостите повторно дојдоа во водство во 58 минута, откако Андреј Крамариќ реализираше пенал, но Борусија повторно израмни во 72 минута со погодокот на Ларс Стиндел. Сепак, Флорусија Грилитш погоди за ново водство на Хофенхајм на 3:2, но и тоа не беше доволно, зашто во 90 минута стоперот на Борусија Менхенгладбах, Матијас Гинтер беше прецизен за конечните 3:3.

Франкфуртски Ахнтрахте е сѐ поблиску до пласман во Лигата на шампионите следната сезона, откако на домашен терен со 3:0 го совлада Мајнц. Домашните поведоа рано во 6 минута преку Кевин Принс Боатенг, на 2:0 зголеми Лика Јович во 23 минута, а во 41 минута Анте Ребиќ погоди за крајните 3:0.

Хамбургер, кој се бори за опстанок во германската најелитна лига, на домашен терен со 1:2 беше поразен од берлинска Херта, и истана на претпоследното место со 18 бодови. Домашните поведоа во 25 минута преку Даглас, но гостите направија целосен пресврт преку Лазаро во 56 и Калу во 63 минута.

ХСВ не успеа да оствари победа на 14 последни натпревари, а има најлош напад во лигата кој постигна само 19 голови во 27-те кола. Хамбургер во понеделникот го отпушти тренерот Бербард Холербах, кој на чело на ХСВ издржа само седум седмици, а екипата до крајот на сезоната ќе ја води Кристијан Тиц. Поранешниот европски шампион од 1983 година, никогаш досега не испаднал од Бундеслигата, но последните неколку сезони постојано се бори за опстанок. Така во сезоните 2013/2014 и 2014/2015 година остана во лигата по плеј-офот.

На домашен терен пораз со 1:3 доживеа и Аугсбург од Вердер. Гостите поведоа со 2:0 преку Белфолдил, во 5 и 40, минута, Кедира намали во 63-та, а сите надежи на Аугсбург дека може да спаси бод ги закопа Крузе со голот во 82 минута.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.