Шалке ја шокираше дортмундска Борусија

Фудбалерите на Борусија Дортмунд загубаја на својот стадион во ткн Рурско дерби од Шалке 04 со 2:4 во 31-то коло од германското првенство, а овој пораз веројатно ќе ги чини можност да ја освојат титулата, бидејќи водечкиот Баерн Минхен сега има бод повеќе и меч помалку.

Борусија поведе со голот на Марио Геце веќе во 14 минута, но по само четири минути од пенал израмни Даниел Калигури, а до крајот на првото полувреме Шалке направи целосен пресврт преку Салиф Сане кој погоди во 28 минута. Во второто полувреме работите тргнаа уште полошо за домашните кога црвен картон во 60 минута доби Марко Ројс, а во 63 минута Калигури од слободен удар зголеми на 3:1. Во 65 минута Борусија остана без уште еден играч, откако беше исклучен и Мариус Волф. Сепак Борусија нмамали на 2:3 со голот во 85 минута на Аксел Витцел но веднаш во против напад Арел Емболо го постигна четвртиот погодок за Шалке.

Борусија Дортмунд е на втората позиција со 69 бодови, а сега РБ Лајпциг ја следи со само пет голови заостанување. Шалке се чини со оваа победа ги реши сите проблеми со опстанокот, сега е 15-ти со 30 бодови, шест повеќе од 16-то Штутгарт кој го држи местото кое води во баражот за опстанок во Бундеслигата.

И Штутгарт, во последниот меч од саботната програма, направи своевидно изненадување поразувајќи ја дома Борусија Менхенгладбах со голот на Анастасиот Дионис во 56 минута. Штутгарт ќе ја продолжи грчевитата борба за опстанок во последните три кола. Борусија Менхенгладбах, пак, не успеа да го искористи киоксот на Ајнтрахт со кој се бори за четвртокот место и пласман во Лигата на шампионите, па остана петта со 51 бод, додека тимот од Франкфурт е место погоре со 54 бодови.

Ајнтрахт, имено, на домашен терен одигра без голови со Херта, иако гостите од 80 минута играа без исклучениот Лукас Клинтер. Тимот од Берлин е 11-ти со 37 бодови.

РБ Лајпциг се зацврсти на третата позиција на табелата откако на домашен терен потешко од очекуваното со 2:1 го совлада Фрајбург. Домашните поведоа преку Тимо Вернер во 19 минута, а гостите израмнија во 66 минута со погодокот на Винченцо Грифо, но сепак бодовите останаа во Лајпциг благодарејќи на прецизно изведениот пенал во 78 минута на Емил Форсберг. РБ Лајпциг е трет со 64 бодови и го има осигурано учеството во Лигата на шампионите следната сезона, затоа што евентуалниот конкурент за тоа место заостанува 13 бодови. Фрајбург е 13-ти со 32 бодови, осум повеќе од местото кое води во разигрувањето за опстанок.

Фортуна во Диселдорф со 4:1 го совлада Вердер од Бремен. Стрелци за домашните беа Бенито Раман во 1, Кенан Караман во 22, Роувен Хенингс во 56 и Маркус Шутнер во 73 минута, а за гостите Макс Крузе во 28 минута од пенал. Фортуна е 10-та со 40 бодви, а Вердер е 8-ми со 46 бодови, пет бодови помалку од местото кое води во квалификациите за Европската лига.

Хановер со голот на Хендрик Вејданд во 66 минута дома го порази Мајнц. Хановер сега со 18 бодови и натаму е сигурен патник во втората лига како и Нирнберг кој е 17-ти со исто толку бодови и меч помалку, а Мајнц е 12-ти со 36 бодови.

Во недела се среќаваат Хофенхајм – Волфсбург и Нирберг – Баерн Минхен.