7.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Салвини на локалните избори во Италија бара победа за да ја дестабилизира владата

Гласачите во два италијански региона, Емилија Романа на северот и Калабрија на југот на земјата, излегоа денеска на локални избори кои би можеле да и помогнат на опозициската екстремно десничарска „Лига“ на Матео Салвини да се врати на власт.

И двата региони моментно се наоѓаат под контрола на левичарите и, додека во неразвиената Калабрија се очекува да победат десничарите, резултатите за северната провинција се помалку сигурни и политички многу позначајни.

Еден од најбогатите региони во Италија, Емилија Романа уште од Втората светска војна е упориште на левицата.

Со недели, Салвини неуморно водеше кампања во областа и се надева дека изненадувачката победа на неговата партија и десничарски партнери ќе ја дестабилизира коалициската влада во Рим што може дури и да падне.

„Ако ни помогнете, ќе свикаме предвремени избори во понеделник, за да и дадеме на оваа земја силна, кохерентна влада“, рече сојузникот на Салвини, Џорџо Мелони, на состанокот зад затворени врати во Емилија Романа .

Анти-мигрантската, антиевропска порака на Салвини одекна во покраината за време на кампањата, особено во малите градови, како и неговото ветување за намалување на даноците.

Политичкиот стил на Салвини предизвика остри реакции минатата недела, кога тој заѕвони во стан на мигрантско семејство од Тунис пред телевизиските камери и ги праша дали дистрибуираат дрога.

Салвини беше министер за внатрешни работи до август минатата година, кога ја напушти владата во очекување дека ќе поттикне предвремени национални избори за кои анкетите му предвидуваа лесна победа.

Наместо тоа, коалициската 5-sвезди се споија со левичарската Демократска партија (ПД) и Салвини отиде во опозиција.

Сакајќи да се одмазди и да ја наметне својата политичка превласт во Италија, Салвини оттогаш ги концентрира сите свои напори да добие што е можно повеќе локални гласачи.

ПД ги отфрли предлозите дека гласањето во недела е де факто референдум за честопати поделената коалиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.