Салвини порача дека Сицилија нема да биде бегалски камп на Европа

Новиот италијански министер за внатрешни работи Матео Салвини, изјави во неделата дека островот Сицилија „нема да биде бегалскиот камп на Европа“.

Челникот на крајно десната партија Лига, Матео Салвини, притоа додаде дека плановите на владата за имиграцијата „не се радикалните, туку се здрав разум“. Оцени дека повеќе депортации на имигрантите кои не ги исполнуваат условите за бегалски азил и престој во Италија, како и намалувањето на нови приливи имигранти ќе спасат животи.

Италија е главната дестинација за имигрантите кои од северот на Африка пристигнуваат на европскиот континент, иако нивниот број последните месеци бележи опаѓање.

Новата суверенистичка влада на Италија, којашто ја сочинуваат европскептикна и антидоселеничката партија од крајната десница Лига и антисетаблишмент и исто така европскептично Движење пет ѕвезди минатата седмица ја положи свечената обврска, по осум месеци неизвесност во четвртата најголема според обемот во ЕУ-28 и третата во еврозоната. Лигата е особено антидоселеничкки настроена и нејзините ставови се рефлектираат и во коалицискиот договор со Движењето.

Зборувајќи во сицилиското пристаниште Катанија, Салвини порача: „Доста е Сицилија да служи како бегалски камп на Европа. Нема само да стојам настрана и да не правам ништо, додека тие само доаѓаат и доаѓаат. Потребни ни се центри за депортирање“, рече новиот италијански министер за внатрешни работи во заднината на неколкуте убиства и тешки инциденти чии извршители се лица кои поради некои пропусти не можеле да бидат депортирани во нивните матични земји.

Салвини го посети и пристаништето Пацало, каде што во петокот пристигна чамец со повеќе од 150 мигранти од субсахарска Африка кои беа спасени од хуманитарните здруженија.

На собирот на северот од Италија во саботата, Салвини рече дека „добрите времиња“ за имигрантите се минат и додаде „Време е да почнете да си го пакувате куферите“.