Самак: За две години во новата фабрика во Велес ќе работат 600 лица

Самак: За две години во новата фабрика во Велес ќе работат 600 лица
Самак: За две години во новата фабрика во Велес ќе работат 600 лица

Пред некој ден се отвори нова фабрика во Велес која инвестира 35 милиони евра и вработи 120 лица.  За две години, планирано е во оваа фабрика да работат 600 лица.

Ова го истакна министерот за привлекување на странски инвестиции, Веле Самак, кој беше гостин во дневникот на Канал 5.

Оваа инвестиција е само една од низата во која Самак работи со својот кабинет. Во моментов се бројат околу 12.000 работни места, а 9.000 се веќе пополнети. Ако на тоа се додадат останатите кои веќе се потврдени и се во реализација, тоа е над 20.000 нови работни места.

Оваа година продолжуваме со едно исто вакво темпо, како што беше минативе години. Ефектот од истите можам да го кажам со неколку бројки.  Само во последниве три  години тоа се над 600 милиони евра бруто домашен приход од кој ефектот кај домашните фирми кој е доста важен е 130 милиони евра директен бизнис или трговија само со домашните фирми, истакна Самак.

Тој потенцира дека челниците на фирмите кои доаѓаат во Македонија се задоволни од достапноста и квалификуваноста на работната сила. Инвеститорите се презадоволни од нивото на знаење на лицата од Македонија кои ги вработуваат.

Сепак, според сознанијата кои ги добил од инвеститорите, Самак вели дека во наредниве 3-5 години, компаниите ќе имаат потреба од постручни лица кои треба да завршат обрзование во струките кои ги нудат средните училишта и факултетите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.