Шаманите бараа помош од боговите за справување со пожарите во Сибир

Околу педесет шамани од Русија, Германија, Монголија и Полска одржаа обреден ритуал на островот Олхон во езерото Бајкал, молејќи ги боговите да ги сопрат пожарите и поплавите во сибирските тајги, соопштија од меѓурегионалната шаманска организација Тенгири.

„Тајлаганот заврши. Имаше многу моќна енергија. Во обредот учестуваа околу педесет шамани од Монголија, Полска, Германија и секако од Бурјатија. Станува збор за принесување жртва во вид на храна“, изјавил претставник на шаманската организација за агенцијата РИА.

Претходно од здружението „Тенгери“ најавија дека ќе го одржат обредот тајлаган на Олхон во неделата за спас од приридните стихии. Станува збор за ритуал кој го изведува шаман, а кој бара од боговите благосостојба и спречување на несреќите и стихиите.

Годинава големите шумски пожари го пустошат Сибир. Во неделата, површината зафатена од огнената стихија опфаќа околу три милиона хектари, колку што изнесува територијата на Белгија. Во четири области, Икрутск, Краснојарск, Вирјатија и Јакутија, е прогласена вонредна состојба.

Според надлежните агенции за природните ресурси, причина за пожарите најчесто се сушата и ударите од громови, но властите истражуваат и можно подметнување. Во гаснењето на 129 пожари ангажирани се 734 лица со 43 возила, а ангажирани се и десет авиони „Ил-76“ и десет воени транспортни хеликоптери.