Самарас: Грција ги совлада најголемите тешкотии

Грција успеа да го избегне најлошото сценарија за развој на настаните во текот на оваа година, а во текот на следната земја ќе почне да излегува од кризата, смета грчкиот премиер Андонис Самарас.

„Ние ги оставивме зад нас најголемите тешкотии. И тоа е многу важно. И го избегнавме најлошото, а тоа е уште повеќе важно“, рекол премиерот, чие новогодишно обраќање беше емитувано од државната телевизија.

Според него, сега земјата не мора секој месец да моли за кредити за да преживее.

„За прв пат по многу години ние сами ги исплаќаме нашите потреби. Тоа ние го нарекуваме примарен профицит на буџетот и никој не очекуваше да го постигнеме оваа година. Го направивме првиот голем чекор за излегување од кризата. Направивме и втор голем чекор, ставивме крај на маѓепсаниот круг на рецесијата. По шест бескрајно болни години, во 2014 година очекуваме заживување на економијата“, рекол Самарас.

Премиерот вети во наредните месеци дека Владата ќе го врати позитивното салдо во буџетот во општеството, помагајќи им на најслабите слоеви меѓу населението.