Самарас: Грција излегува од магепсаниот круг

Грција излегува од магепсаниот круг, а буџетскиот суфицит на земјата за 2013 година ќе биде поголем за 1,5 милијарди евра, изјавил грчкиот премиер Андонис Самарас во интервју за весникот „Вима“.

Според Самарас средствата од вишокот ќе бидат вратени на пензионерите со ниски примања и униформраните службеници.