Шамбевски: Епитрахилот кој беше сквернавен од ЛГБТ е наjважен дел на христијанските свештеници

Епитрахилот е најважниот дел од свештеничката облека, без него свештеникот не смее да одржи никаков обред, затоа да се ругаш со него е голема навреда и сквернавење за христијаните… ама знаете што… Христос и христијанството истрпеле многу ругања… го преживеале и Нерон и Диоклецијан и Сталин и многуте комунистички комесари и комесарчиња… а знаете зошто христијанството сепак преживеало? Праша на Фејсбук, Оливер Шамбевски поранешен амбасадор во Ватикан и Рим.

Едноставно затоа што суштината на вербата христијанска е слободата и љубовта… затоа што христијаните го мразат гревот, а не грешникот, затоа што слободата е христијански принцип што го немате нигде на друго место… затоа што простуваме оти не знаете што правите, простуваме искрено и кога знаете што правите оти не е наше да судиме. Искрено мислам дека во овој случај користејќи го епитрахилот во вашите бахиналии покажувате дека вие само сте возгордеани, а не баш дека заете што правите, напиша Шамбевски.

А ако сепак знаете тогаш… па тогаш сами си го бирате местото на маргините оти никој не може да има разбирање за потребата да бидеш деструкивен и да навредуваш и омаловажуваш се околу себе, а да бараш да бидеш почитуван… едноставно многу жално изгледа тоа, објаснува Шамбевски.

А знаете зошто ќе ве преживее и вас и таквите како вас? Ќе ве преживее затоа што не сте ниту први ниту оригинални во ругањето на христијаните… прочитајте за св. Ардалион Глумецот и за св. Порфириј Глумецот па ќе сфатите зошто е Христијанството религија на љубовта и слободната волја… и зошто… ама ај…, напиша тој на Фејсбук.